24фудбал

Луд натпревар на Гудисон Парк, Евертон - Челзи 3:6

Дури девет погодоци на Гудисон Парк, Челзи го победи Евертон со фантастични 6-3, Сините на Жозе Мурињо продолжуваат со одличните игри.

Англија
Неверојатен натпревар на Гудисон Парк, Челзи со 6-3 го доби Евертон и дојде до третата победа од три натпревари во новата сезона од Премиерлигата.
 
Дека натпреварот ќе биде супер ефикасен беше највено уште на самиот старт, по само три минути игра Челзи веќе водеше со 2-0.
 
По убава асистенција од Фабрегас, Диего Коста погоди за 1-0, а две минути подоцна Бане Ивановиќ го зголеми водството.
 
Пред крајот на првото полувреме, Кевин Миралас со глава реализираше и го врати Евертон во игра.
 
Во вториот дел мрежите мируваа до 67. минута, а потоа се случи вистинска голеада.
 
По центаршут на Азар, Колман си постигна гол за водство на Челзи од 3-1, но веќе во следната минута Нејсмит повторно ја намали разликата на Челзи.
 
Матиќ во 74. минута со удар од далечина погоди за 4-2, а само две минути подоцна, Ето постигна убав гол со глава за 4-3.
 
До крајот од натпреварот Челзи преку Рамирез зголеми на 5-3, а конечните 6-3 ги постави оној кој го отвори натпреварот, Диего Коста.