24фудбал

Фалкао станува Крал

Радамел Фалкао ќе потпише за Реал Мадрид, напаѓачот најпрво ја објави информацијата на својот твитер профил, потоа го избриша твитот.

Шпанија
Реал Мадрид својот ѕвезден тим ќе го комплетира со ангажман на Радамел Фалкао, напаѓачот се сели на Сантијаго Бернабеу.
 
Колумбиецот се истрча, ја објави информацијата на својот твитер профил, па подоцна го избриша твитот.
 
Се очекува трансферот да биде комплетиран и официјално објавен во текот на утрешниот ден, евентуално во понеделник кога ќе биде и последниот ден од преодниот рок.