24фудбал

Сонг се врати во Премиерлигата

Алекс Сонг е повторно во Англија, Камерунецот од Барселона ќе игра како позајмен фудбалер во Вест Хем.

Англија
Сонг се поврзуваше со трансфер во неколку клубови, но на крајот заврши во Вест Хем.
 
Поранешниот играч на Арсенал не се снајде најдобро во Барселона, многу почесто ја грееше клупата отколку што беше на теренот, па заминувањето од Камп Ноу беше логично.
 
Сонг оваа сезона ќе настапува како позајмен играч во Вест Хем.