24фудбал

Стоук удри по шампионот

Манчестер Сити загуби од Стоук на Етихад стадионот, дожд од голови на Сент Џејмс Парк, Њукасл - Кристал Палас 3-3.

Англија
Манчестер Сити доби неочекуван удар од Стоук, кој славеше голема победа од 1-0 на гостувањето кај шампионот.
 
Херојот беше Диуф кој погоди во 58. минута од натпреварот.
 
Вистинска драма се случуваше на Сент Џејмс Парк каде што Њукасл и Кристал Палас одиграа нерешено.
 
Палас поведе уште во првата минута со гол на Гајле, во 37. Јанмат го изедначи резултатот на 1-1.
 
По три минути игра во вториот дел, Пунчон реализираше за ново водство за Кристал Палас, но со головите на Аронс и Вилиамсон Њукасл направи комплетен пресврт и поведе со 3-2.
 
Во 95. минута Заха погоди и спречи радост на Њукасл поставувајќи ги конечните 3-3.
 
Свонси продолжи со импресивниот старт, трет натпревар, трета победа, овој пат со 3-0 над ВБА.
 
Диер погоди два пати, еднаш прецизен беше Ратлиџ.
 
Саутемптон со 3-1 победи на гостувањето кај Вест Хем кој поведе со голот на Нобл.
 
Шнајдерлин постигна два гола за Саутемптон, победата ја завери Пеле со својот деби погодок за Светците.
 
Со голот на Аустин, КПР го победи Сандерленд со 1-0.