24фудбал

Нов очаен настап на Јунајтед, деби на Ди Марија

Манчестер Јунајтед одигра уште еден лош натпревар и освои само бод на гостувањето кај Барнли, своите први минути во Премиер лигата ги имаше Анхел Ди Марија.

Англија
Помина и четвртиот официјален натпревар за Луис ван Гал на клупата на Јунајтед, а тој не знае за победа, уште потрагично за него е што никој од противници кои ги имаше не припаѓа на англискиот фудбалски крем.
 
Се очекуваше дека Барнли е вистински тим за промена на работите, но Манчестер Јунајтед не успеа да создаде речиси нути една шанса за гол, изгледаше лошо, не поврзано, грешеше во одбраната и не заслужи да победи иако судијата во два натпревари можеше да покаже пенал за Ѓаволите.
 
Своето деби во Премиер лигата го имаше Анхел Ди Марија кој не успеа да му помогне на Јунајтед.