24фудбал

Официјално: Торес на позајмица во Милан

Челзи официјално потврди дека има договор со Милан за позајмица на Фернандо Торес, останува фудбалерот да ги договори личните услови со Росоњерите и трансферот да биде комплетиран.

Италија
Фернандо Торес ќе биде ново засилување на Милан, двата клуба постигнаа договорот, остануваат уште формалности за трансферот да биде комплетиран.
 
„Челзи и Милан постигнаа договор за две годишна позајмица на Фернандо Торес во италијанскиот клуб" - се вели во соопштението на Челзи.
 
„Останува Фернандо да ги договори личните услови со Милан и да ги помине медицинските тестови".
 
Фернандо Торес има уште две години од актуелниот договор со Челзи, но договорена е позајмица бидејќи дел од платата на напаѓачот ќе продолжи да му ја плаќа англискио клуб.