24фудбал

Дел Боске го објави списокот за дуелот со Македонија

Селекторот на Шпанија, Висенте Дел Боске повика 23 играчи за квалификацискиот натпревар со Македонија, на списокот има неколку нови имиња

Македонија

’Црвената Фурија’ имаше лош настап на мундијалот во Бразил, па ваквите промени беа очекувани.

Од оние кои настапија на СП 2014, во овој состав на Дел Боске нема дури осумина: Чави, Чаби Алонсо и Давид Виља кои објавија крај на репрезентативната кариера, Хави Мартинез кој е повреден, како и Пепе Реина, Жерард Пике, Хуан Мата и Фернандо Торес кои не добија повик.

Листата на Дел Боске со 23. фудбалери:

Голамни: Икер Касиљас, Давид Де Геа, Кико Касиља;

Одбрана: Серхио Рамос, Дани Карвахал, Хуанфран, Микел Сан Хосе, Раул Албиол, Марк Бартра, Жорди Алба, Цезар Азпиликуета;

Среден ред: Серхио Бускетс, Санти Казорла, Сеск Фабрегас, Андер Итураспе, Педро, Иско, Давид Силва, Андрес Иниеста, Коке, Раул Гарсија;

Напад: Диего Коста, Пако Алкасер.

Шпанија најпрво на 4. септември во Париз ќе одигра пријателски натпревар со Франција, а на 8. септември во Валенсија ќе ја пречека Македонија во рамките на квалификациите за ЕВРО 2016.