24фудбал

Официјално: Чаби Алонсо е нов фудбалер на Баерн Минхен

Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Чаби Алонсо од Реал Мадрид за сума од 10 милиони евра.

Германија
Баерн Минхен го потврди трансферот на Чаби Алонсо, фудбалерот потпиша две годишен договор со Баварците.
 
Трансферот на Алонсо во Баерн Минхен дојде како изненадување во финишот од преодниот рок, бидејќи претходно фудбалерот не се поврзуваше со заминување од Сантијаго Бернабеу.
 
Баерн Минхен за овој трансфер ќе плати 10 милиони евра.
 
Пеп Гвардиола има проблеми со повредени фудбалери од средниот ред, Хави Мартинез, Бастијан Швајнштајгер и Тиаго Алкантара се надвор од стројот, токму тоа беше причината за ангажман на Чаби Алонсо.