24фудбал

Роналдо е најдобар фудбалер на сезоната

Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар европски фудбалер на сезоната, Португалецот ги победи Мануел Нојер и Аријан Робен.

Лига на Шампиони
Кристијано Роналдо кој со Реал Мадрид ја освои Лигата на Шампионите, очекувано се закити со наградата за најдобар фудбалер на сезоната.
 
„Секогаш се радувам кога ќе добијам индивидуална награда, но без помошта од соиграчите и тимот, не би можел да дојдам до ова признание" - изјави Роналдо.
 
„Им благодарам на сите мои блиски луше, на моето семејство, оваа награда сега ќе замине во мојот музеј".