24фудбал

Баерн потврди, Алонсо пристигнува во Минхен

’Баварците’ соопштија дека начелно е постигнат договор за преселба на Чаби Алонсо од Реал Мадрид на Алианц Арена

Германија

Шампионот на Германија има неколку повредени фудбалери од средниот ред, па лидерите на клубот решија да го засилат овој дел од тимот.

На Алианц Арена ќе пристигне Чаби Алонсо, Шпанецот оваа недела побара од Реал Мадрид да замине, откако стана јасно дека ќе има ограничена минутажа по пристигнувањето на Тони Крос и Џејмс Родригез на Сантијаго Бернабеу.

Зборувајќи утрово на прес конференција, потпретседателот на Баерн, Јан Кристијан Дресен рече: „Преговараме со Алонсо и Реал, со играчот начелно постигнавме договор”.

„Очекуваме зделката да ја комлетираме за еден, или најмногу два дена”.

„Подоцна во денот, Чаби Алонсо ќе пристигне во Минхен на лекарски прегледи”.