24фудбал

Вардар одигра без голови против Турново

Вардар освои само бод против Хоризонт Турново на Филип Втори Арената, кикс на Црвено-црните.

Македонија
По одличниот старт на новата сезона, Вардар врза две нерешени средби во серија.
 
По ремито против Тетекс, Црвено-црните вечерва одиграа само 0-0 против екипата на Хоризонт Турново.
 
Тимот на Вардар го одигра најлошиот натпревар оваа сезона, без речиси посериозна шанса за гол.
 
Турновци дојдоа да останат непоразени и ја исполнија нивната мисија.
 
По ова реми, Вардар повеќе не е осамен на врвот на табелата, ист број бодови имаат и Металург и Силекс.
 
Табела по пет одиграни кола:
 
Вардар 11
Металург 11
Силекс 11
Пелистер 9
Шкендија 8
Ренова 5
Работнички 4
Турново 4
Брегалница 3
Тетекс 2