24фудбал

Бенатиа: Гвардиола очајно ме посакуваше

Новото засилување на Баерн Минхен, Мехди Бенатиа вели дека трансферот во клуб каков што е баварскиот, за него е остварување на сонот.

Германија
Бенатиа стравувал дека преговорите можат да пропаднат и трансферот да не се случи, но Пеп толку го посакувал што направи се за зделката да биде склучена.
 
„Многу сум среќен што потпишав за Баерн Минхен. Трансферот се одложуваше малку, па во еден момент стравував дека ќе пропадне" - вели Бенатиа.
 
„Но Гвардиола очајно ме сакаше во Баерн Минхен, па беше постигнат договор. Тој е фантастичен тренер и среќен сум што ќе работам со него".
 
„Баерн има многу неверојатни фудбалери и остварување на сонот за мене е да бидам дел од овој одличен состав".