24фудбал

Бенитез: Не се плашам од Сан Мамеш

Тренерот на Наполи, Рафаел Бенитез во пресрет на реваншот против Атлетик Билбао вели дека не стравува од жешката атмосфера на Сан Мамеш.

Лига на Шампиони
Вечерва на реновираниот Сан Мамеш, Атлетик Билбао го пречекува Наполи во реванш натпреварот за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите.
 
Првиот натпревар заврши 1-1, па Наполи ќе има тешка задача да дојде до резултат кој ќе го однесе понатаму.
 
Жешката атмосфера која ја прави публиката на Билбао, е еден од адутите на домаќините, но Бенитез не стравува од Сан Мамеш.
 
„Не ми е гајле за притисокот од трибините. Ќе биде добро за тимот, секогаш кога има повеќе фанови се чувствувате подобро" - вели Бенитез.
 
„Атлетик сака да напаѓа, да игра пред нивните фанови, нема да играат на 0-0. Ќе се обидат да нападнат од стартот".
 
„Се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме и ќе одиме понатаму".