24фудбал

Билиќ верува дека Бешикташ може да го елиминира Арсенал

Тренерот на Бешикташ, Славен Билиќ е оптимист во пресрет на реванш дуелот со Арсенал, Хрватот има верба во својот тим.

Лига на Шампиони
По натпреварот без голови во Турција, Арсенал и Бешикташ вечерва ќе ја имаат втората битка за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите.
 
Арсенал е голем фаворит, Топџиите ќе целат само на победа, реми со погодоци му одговара на Бешикташ.
 
„Со перформансите на првиот натпревар покажавме дека можеме да се носиме со нив. Одигравме добро" - изјави Билиќ.
 
„Ние имавме наши шанси, тие имаа нивни. Не сме среќни со резултатот, мислам дека заслуживме да победиме, но во реваншот влегуваме полни со самодоверба".
 
„Јас и стручниот штаб верувавме уште пред првиот натпревар. Но можеби некои од фудбалерите не веруваа дека можат да се носат со тим како Арсенал, но сега веруваме сите".
 
„Не сме фаворити. Арсенал е фаворит, но ние имаме сон, надеж, и ќе дадеме се од себе да го оствариме".
 
„Подготвивме наша игра, наш план. Имам голема верба во мојот тим и во моите асистенти".