24фудбал

Милтон Кејнс го понижи Манчестер Јунајтед и го елиминираше од Лига Купот

Нов шок за Манчестер Јунајтед, Црвените Ѓаволи загубија на гостувањето кај Милтон Кејнс со неверојатни 4-0 и доживеаа елиминација од Лига Купот во Англија.

Англија
Нема крај на разочарувањата за фановите на Манчестер Јунајтед, вечерва нивниот тим доживеа срамен пораз од Милтон Кејнс, тим кој се натпреварува во третата по ранг лига во Англија.
 
Ван Гал излезе со комбиниран состав и доби уште еден шамар, трет по ред откако седна на жешкото столче на Јунајтед.
 
Милтон Кејнс Донс слави историска победа, го победија големиот Манчестер Јунајтед со неверојатни 4-0 и го елиминираа од Лига Купот.
 
Останува да видиме дали Анхел Ди Марија ќе биде спасителот на Јунајтед и со почеток на неговите настапи за тимот ќе се променат работите за Манчестер Јунајтед.