24фудбал

Марибор и Ибраими во групната фаза од Лигата на Шампионите

Голем ден за Марибор, тимот на нашиот Агим Ибраими го победи Селтик на негов терен и се пласираше во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
По втор пат во својата историја Марибор ќе игра во групната фаза од Лигата на Шампионите, Македонија ќе има свој претставник во Агим Ибраими.
 
По нерешените 1-1 во Марибор, на словенечкиот претставник му беше потребна победа на Селтик Парк, тоа и се случи, мисијата е исполнета.
 
Клучниот момент се случи во 75. минута од натпреварот кога Таварес ја затресе мрежата на Гордон.
 
Ибраими го одигра целиот натпревар за Марибор, нашиот репрезентативец е една од клучните алки во овој состав кој ќе игра во групната фаза од Лигата на Шампионите.
 
Таму покрај Марибор се пласираа и Зенит, АПОЕЛ, БАТЕ Борисов и Порто.
 
Зенит со убедливи 3-0 го совлада Стандард Лиеж, АПОЕЛ со 4-0 го прегази Алборг, 3-0 славеше и БАТЕ Борисов над Слован Братислава, Порто со 2-0 го доби дуелот со Лил.