24фудбал

Симеоне: Направив грешка и ќе ја прифатам казната

Диего Симеоне признава дека се однесувал погрешно на дуелот со Реал Мадрид и ќе ја прифати казната каква и да е.

Шпанија
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне уште во првото полувреме од реванш дуелот со Реал Мадрид беше испратен на трибините поради непристоен однос кон судиите.
 
Симеоне ќе треба да се соочи со одредена суспензија, тој знае дека се однесувал погрешно и ќе ја прифати казната.
 
„Не е добро да продолжиме да зборуваме за истата работа. Луѓето кои ги носат одлуките треба да бидат која ќе биде вистинската казна" - вели Симеоне.
 
„Кога некој ќе направи грешка, треба да плати за тоа, ќе почекаме и ќе видиме каква ќе биде цената".
 
„Мојот асистент Герман Бургос има капацитет да седи на клупата, ја има мојата доверба, со него го гледаме фудбалот на ист начин".