24фудбал

Баерн тргна со победа

Баерн Минхен го победи Волфзбург со 2-1 во првиот натпревар од новата сезона во Бундеслигата.

Германија
Баварците со победа ја стартуваа новата сезона во германскиот шампионат во која ја бранат титулата.
 
Тимот на Гвардиола влезе како голем фаворит во дуелот со Волфзбург, но не дојде лесно до трите бода.
 
Томас Милер беше стрелецот на првиот гол во новата сезона од Бундеслигата, а Арјен Робен на стартот од второто полувреме зголеми на 2-0.
 
Но, поранешниот фудбалер на Баерн, Ивица Олиќ во 52. минута намали на 2-1 и повторно го направи интересен натпреварот.
 
До крајот Баерн имаше шанси и за поголема победа, но и Волфзбург имаше свои прилики па можеше и со бод да замине од гостувањето на Алијанц Арената.