24фудбал

Реал одбил понуда од Барса за Ди Марија

Според пишувањата на Sport, ’Каталонците’ биле подготвени да платат 60 милиони евра за услугите на Анхел Ди Марија, но ’Кралевите’ одбиле да преговараат

Шпанија

Медиумите подолго време говорат за заминување на Анхел Ди Марија од Сантијаго Бернабеу, а Карло Анчелоти вчера потврди дека играчот доставил барање за трансфер.

Репрезентативецот на ’Гаучосите’ силно се поврзуваше со преселба во ПСЖ, но ’Светците’ немаат финансиска моќ за реализација на зделката одкако беа санкционирани од УЕФА за прекршување на правилата за Финансиски Фер Плеј.

Анхел ди Марија исто така е желба и на Манчестер Јунајтед, но ’Црвените Ѓаволи’ сеуште не доставиле конкретна понуда.

Според денешното издание на Sport, Барселона е последниот клуб што пројавува интерес за услугите на Аргентинецот.

Весникот вели дека ’Каталонците’ се подготвени да платат 60 милиони евра, и преставник на Барса вчера стапил во контакт со Флорентино Перез.

Но претседателот на Реал Мадрид не сакал да слушне за продожба на Анхел Ди Марија на лутиот ривал и одбил да преговара.

Барселона се соочува со забрана за трансфер во 2015, па се говори дека ’Каталонците’ во последните денови од летниот преоден рок ќе се обидат дополнително да го засилат составот.