24фудбал

Фиорентина со понуда за Пандев

Според пишувањата на медиумите од Италија, Фиорентина одново се насочува кон Горан Пандев, ’Виолетовите’ понудиле 3 милиони евра за напаѓачот

Италија

Рафа Бенитез не смета на Македонецот па јасно е дека напаѓачот ќе замине од Сан Паоло ова лето.

Медиумите често шпекулираат за иднината на Горан Пандев, играчот е желба на неколку клубови, помеѓу кои Милан, Фиорентина, Галатасарај и Атлетико Мадрид.

Последните извештаи велат дека ’Виолетовите’ одново стапиле во контакт со Наполи и доставиле понуда вредна 3 милиони евра.

На барање на тренерот Винченцо Монтела, лидерите на Фиорентина се во потрага на нов офанзивен играч.

Нивна примарна цел е Џакомо Бонавентура од Аталанта, но клубот од Бергамо бара 10 милиони, па ’Виолетовите’ се принудени да се насочат кон други алтернативи.

Се говори дека Наполи за услугите на Горан Пандев бара околу 5 милиони евра.