24фудбал

Нејмар неизвесен за дуелот со Елче

Нејмар би можел да го пропушти воведниот натпревар на Барселона од новата сезона во Примера против Елче, напаѓачот го повредил скочниот зглоб на левата нога

Шпанија

Барселона соопшти дека Нејмар го пропуштил денешниот тренинг откако вчера се пожалил на болки во скочниот зглоб на левата нога.

Деталните тестови извршени утрово покажале дека се работи за извиткување од прв степен.

’Каталонците’ не соопштија колку време играчот ќе биде надвор од стројот, а според пишувањата на медиумите, Нејмар најверојатно само ќе го пропушти дуелот со Елче во недела.

Репрезентативецот на ’Кариоките’ неодамна се врати во полн фитнес по повредата на грбот заработена на мундијалот во Бразил.