24фудбал

Блан: Ди Марија во ПСЖ? Тешко

Тренерот на ПСЖ, Лорен Блан признава дека трансферот на Анхел Ди Марија на Паркот на Принцовите е тешко изводлив

Франција

Медиумите цело лето го поврзуваат репрезентативецот на ’Гаучосите’ со ПСЖ, но неодамна првиот човек на ’Светците’, Насер Ал Келаифи изјави дека Аргентинецот е прескап за нив.

Шампионот на Франција располага со ограничен трансфер буџет бидејќи УЕФА им наметна санкции за прекрушување на Финансискиот Фер Плеј, а Реал Мадрид за услугите на Анхел Ди Марија бара најмалку 60 милиони евра.

Но медиумите продолжуваат да пишуваат за можниот трансфер на Аргентинецот во Париз, а попладнево тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека играчот побарал да замине од Сантијаго Бернабеу.

Сепак, Лорен Блан вели дека трансферот на Анхел Ди Марија на Паркот на Принцовите е тешко изводлив.

Зборувајќи на прес конференција, тренерот на ПСЖ рече: „Кога се во прашање топ играчи како Ди Марија, голем број на клубови пројавуваат интерес за неговите услуги”.

„Кога се во прашања засилувањата, ПСЖ не може да го направи она што сака да го направи”.

„Зделката е тешко изводлива, претседателот ми го потврди ова”.