24фудбал

Атлетико Мадрид се интересира за Пандев

Според пишувањата на Marca, Горан Пандев е една од опциите за засилување во офанзивата на Атлетико Мадрид.

Шпанија
Marca пишува дека прв пик на Атлетико Мадрид останува Алесио Черчи, но како опции се и Горан Пандев и Џердан Шакири.
 
Пандев е интересен за Атлетико Мадрид поради искуството кое го има и можноста да игра на повеќе позиции во офанзивата.
 
Сепак како најсериозна опција за македонскиот фудбалер сеуште се споменува Милан, а не се исклучува ниту можноста Пандев да направи трансфер во Фиорентина.
 
Дали Пандев ќе го напушти Наполи и која ќе биде неговата следна дестинација, ќе дознаеме наскоро, остануваат уште десет дена до крајот на преодениот рок.