24фудбал

Ди Марија и Кедира сакаат да си одат од Реал Мадрид

Карло Анчелоти потврди дека Анхел Ди Марија побарал да го напушти Реал Мадрид, а Сами Кедира не сакал да потпише нов договор со кралскиот клуб.

Шпанија
Ди Марија цело лето се поврзува со ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но аргентинскиот фудбалер сеуште е во Реал Мадрид.
 
Слична е ситуацијата и со Кедира, за кого сега како најсериозен кандидат се посочува Баерн Минхен, а претходно се поврзуваше со Арсенал и Челзи.
 
Карло Анчелоти потврди дека овие двајца фудбалери сакаат да го напуштат Реал Мадрид.
 
„Ди Марија побара да си замине ова лето и одби понуда од клубот за продолжување на соработката" - изјави Анчелоти.
 
„Доколку и кога ќе заврши преодниот рок тој биде тука, ќе работи со нас исто како и минатата сезона, нема да има никаков проблем".
 
„Ситуацијата со Кедира е поинаква. Тој официјално не побара да замине, но одби понуда за продолжување на договорот, а од актуелниот има уште една година. Ќе видиме што ќе се случи".