24фудбал

Кој ќе биде наследникот на Балотели во Милан?

Џексон Мартинез, Даглас Коста и Алесио Черчи се напаѓачите кои повторно се поврзуваат со Милан откако стана јасно дека Марио Балотели ќе се пресели во Ливерпул.

Италија
Мартинез, Коста и Черчи подолго време се поврзуваа со Милан, но Росоњерите беа финансиски немоќни да си дозволат некое од овие имиња.
 
Се очекува дека парите од продажба на Балотели, Милан ќе ги пренамени за ангажман на негова соодветна замена, па италијанските медиуми ги вратија во игра Џексон Мартинез, Даглас Коста и Алесио Черчи.
 
Gazzetta dello Sport пишува дека Милан ќе тргне по напаѓачот на Торино, Алесио Черчи за кој интерес има и од нивниот градски ривал, Интер.
 
Истиот весник објавува дека и Даглас Коста кој и самиот му се понуди на Милан, сега станува реална можност за италијанскиот клуб.
 
Sky Sport 24 шпекулира дека Џексон Мартинез е најсериозниот кандидат за наследник на Балотели во Милан.
 
Покрај со овие тројца напаѓачи, Милан продолжува да се поврзува со Горан Пандев и Блерим Џемаили, како и со играчот од средниот ред на ПСЖ, Адриен Рабои.