24фудбал

Балотели: Ова е мојот последен ден во Милан

Марио Балотели е многу блиску до преселба во Ливерпул, напаѓачот потврдил дека го напушта Милан.

Италија
Milan Channel утринава потврди дека Милан и Ливерпул се во преговори за трансфер на Балотели.
 
Сите информации велат дека италијанскиот напаѓач наскоро ќе стане член на Ливерпул.
 
Медиумите пренесуваат дека на утринскиот тренинг на Милан, Балотели изјавил: „Ова ќе биде мојот последен ден во Миланело".
 
Се очекува уште во текот на денешниот ден да пристигнат официјални информации за трансфер на Балотели во Ливерпул.