24фудбал

Ливерпул и Милан сепак преговараат за трансфер на Балотели

Иако Галијани демантираше дека има понуда од Ливерпул за Балотели, Milan Channel објави дека двата клуба преговараат за трансфер на напаѓачот.

Англија
Откако не успеа во намерата да ангажира некој од Радамел Фалкао и Единсон Кавани, Ливерпул тргнува кон Марио Балотели.
 
Проблематичниот напаѓач цело лето се поврзува со заминување од Милан, тоа можеби ќе се случи пред крајот на преодниот рок.
 
Првичните информации дека Ливерпул и Милан преговараат за трансфер на Балотели, беа демантирани од Галијани, но и покрај тоа Milan Channel објавува дека сепак има големи шанси напаѓачот да заврши на Енфилд.
 
Ливерпул сакал да го добие Балотели најпрво на едногодишна позајмица, но Милан инсистира на перманентен трансфер со цел да обезбеди средства за нови засилувања.
 
Се шпекулира дека сумата која ја бара Милан за Балотели изнесува околу 22 милиони евра.