24фудбал

Торес во Рома, Дестро во Челзи?

Според Times, Челзи на Рома и го нуди Фернандо Торес на позајмица како дел од трансферо на Матиа Дестро.

Англија
Директорите на Рома, Валтер Сабатини и Мауро Балдисони отпатувале во Лондон каде што треба да преговараат за трансфер на Дестро.
 
Шпекулациите велат дека Челзи и Тотенхем се заинтересирани за фудбалерот на Римската Волчица.
 
Со цел да ја намали сумата која треба да ја плати за Дестро, Times пишува дека Челзи го нуди Фернандо Торес на едногодишна позајмица на Олимпико.
 
Сепак, Рома сака дел од платата на Торес која изнесува 180 000 фунти неделно, да ја плаќа Челзи.