Официјално: Берт ван Марвијк го продолжи договорот со Холандија до 2016

Фудбалската Федерација на Холандија (KNVB) потврди дека селекторот Берт ван Марвијк ставил потпис на нов договор со трајност до 2016

Од поодамна се говореше дека Ван Марвијк е во преговори за продолжување на соработката со Холандија.

 

Стратегот го превзеде селекторското столче на Холандија во 2008, и успеа да ги однесе ’Лалињата’ до финале на СП 2010, каде што загубија во дуелот со Шпанија.

 

Под водство на Ван Марвијк, Холандија без проблем се пласираше и на завршницата од ЕВРО 2012, каде ’Лалињата’ се најдоа во ’групата на смртта’ заедно со Германија, Португалија и Данска.

 

Задоволни од работата на стратегот, Фудбалската Федерација на Холандија го продолжи договорот на Ван Марвијк до 2016.

 

“Селекторот Берт ван Марвијк го продолжи договорот за уште четири години и ќе ја предводи селекцијата на Холандија се до Европското Првенство во 2016.” – гласеше соопштението на ФФХ.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]