24фудбал

Џеко потпиша нов договор со Манчестер Сити

Босанскиот напаѓач, Един Џеко потпиша нов четири годишен договор со Манчестер Сити.

Англија
Мануел Пелегрини сериозно смета на Един Џеко за новата сезона, токму затоа Сити му понуди продолжување на соработката.
 
Босанскиот интернационалец денеска стави потпис на нов четири годишен договор и се обврза на верност кон Сити до 2018 година.
 
„Навистина сум среќен тука во Сити, ова е мојот втор дом, па лесна беше одлуката да потпишам нов договор" - изјави Џеко откако го стави потписот.