24фудбал

Милер одбил богата понуда од Манчестер Јунајтед

Томас Милер открива дека одбил неколку големи понуди надвор од Германија и решил да остане во Баерн Минхен.

Англија
Се шпекулираше дека Томас Милер е цел број еден на Луис ван Гал, но Манчестер Јунајтед не успеа да го донесе германскиот фудбалер на Олд Трафорд.
 
Милер открива дека му биле понудени огромни суми, но тој решил да остане во Баерн Минхен.
 
На прашањето дали Манчестер Јунајтед бил блиску до неговиот потпис, Милер за Bild изјави:
 
„Се разбира. Бев свесен дека можам да заработам повеќе од тој трансфер".
 
„Сумите кои ми ги нудеа странски клубови беа астрономски. Но Баерн е мојот клуб, не сакав да заминам".