24фудбал

Анчелоти: Треба да победиме на Висенте Калдерон

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен од играта на неговиот тим, смета доколку ја повторат и на гостувањето кај Атлетико, ќе го освојат трофејот од Суперкупот.

Шпанија
Реал Мадрид синоќа не успеа да ја искористи предноста на домашен терен и да го победи Атлетико Мадрид во првиот дуел од Суперкупот, натпреварот заврши 1-1.
 
Победникот ќе биде познат во петок кога на програмата е реваншот на Висенте Калдерон.
 
„Атлетико има мала предност бидејќи ние треба да победиме на Калдерон" - изјави Анчелоти по натпреварот.
 
„Ќе се обидеме. Доколку ја повториме играта од првиот натпревар, ќе го освоиме Суперкупот".
 
„Откако постигнавме гол имавме контрола на натпреварот, но не покривме добро при прекинот, не ја контролиравме поблиската статива".
 
„Грешка беше што не ја покривме првата статива. Во таква ситуација Касиљас не можеше ништо да направи".
 
„Одлучив кој ќе биде првиот голман за сезоната, но нема да го кажам тоа сега".
 
„Мислам дека тимот одигра добро, со исклучително темпо, контола на натпреварот, напаѓавме, тројцата играчи од средниот ред одиграа добро".
 
„Родригез одигра добро и тимот беше подобар, побрз во второто полувреме".
 
„Тој го постигна првиот гол за Реал Мадрид што ќе му даде повеќе самодоверба".