24фудбал

Даглас Коста отворен за трансфер во Милан

Офанзивниот фудбалер на Шахтјор, Даглас Коста вели дека доколку пристигне понуда од голем клуб, веднаш би ја прифатил.

Италија
Бразилецот често се поврзува со интерес од Милан, но се чини дека оваа зделка е скапа за Росоњерите.
 
Даглас Коста вели дека би сакал да игра во Милан, фудбалерот очајно посакува трансфер во голем клуб.
 
„Доколку пристигне понуда, веднаш би ја прифатил" - вели Даглас Коста за Gazzetta dello Sport.
 
„Благодарен сум за се што направи Шахтјор за мене, и ако останам ќе продолжам да давам 100% од моите можности".
 
„Но мислам дека сум подготвен за голем клуб".
 
„Милан? Кој не би сакал да игра во клуб каде што играл Роналдињо?".