24фудбал

Наполи се спасуваше од пораз, Арсенал одигра без голови против Бешикташ

Наполи и Атлетик Билбао одиграа без победник 1-1, немаше погодоци на дуелот помеѓу Бешикташ и Арсенал, минимална победа за Стеауа против Лудогорец, Салзбург славеше против Малме, гостински триумф на Леверкузен во Копенхаген.

Лига на Шампиони
Наполи не успеа да обезбеди предност на првиот натпревар против Атлетик Билбао, дуелот заврши 1-1, резултат кој повеќе му одговара на шпанскиот претставник.
 
Тимот на Рафа Бенитез имаше неколку одлични шанси за гол, но Инсиње, Каљехон и Игуаин не беа најпрецизни во завршницата.
 
Билбао поведе со гол на Муниаин на четири минути пред крајот на првото полувреме.
 
Во 68. минута Игуаин го изедначи резултатот, Наполи атакуваше кон комплетен пресврт, но Атлетик Билбао ги издржа нападите.
 
Немаше погодоци на дуелот во Турција, Бешикташ и Арсенал одиграа 0-0.
 
Натпреварот имаше интересен почеток, Ба се обиде од центарот, од почетниот удар, топката заврши во пречката од голот на Счесни.
 
Во 80. минута Ремзи беше исклучен поради втор жолт картон, а на крајот на трибините беше испратен и тренерот на Бешикташ, Славен Билиќ.
 
Стеауа со гол на Чипсиу во финишот од натпреварот го победи Лудогорец со 1-0, истиот фудбалер промаши пенал во првото полувреме.
 
Салзбург ја оправда улогата на фаворит и со 2-1 го победи Малме, шведскиот тим голот го постигна во самиот финиш од натпреварот, погодок кој влева надеж во пресрет на реваншот.
 
Баер Леверкузен беше единствениот гостин кој се радуваше на победа, во натпревар со пресврти, Германците го победија ФК Копенхаген со 3-2.