24фудбал

Официјално: Рохо во Манчестер Јунајтед, Нани во Спортинг Лисабон

Маркос Рохо е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед, како дел од трансферот Нани ќе игра на едногодишна позајмица во Спортинг Лисабон.

Англија
Спортинг Лисабон потврди дека е постигнат договор со Манчестер Јунајтед за трансфер на Маркос Рохо.
 
Аргентинскиот дефанзивец е нов фудбалер на Црвените Ѓаволи, во спротивен правец оди Нани кој во Манчестер Јунајтед дојде токму од Спортинг Лисабон.
 
Португалскиот клуб од овој трансфер ќе заработи само 9 милиони евра, бидејќи поголем дел од сопственоста на Рохо припаѓа на Дојен Спортс.
 
Како дел од зделката е и враќањето на Нани во Спортинг Лисабон кој таму ќе игра на едногодишна позајмица.