24фудбал

Одбиена е жалбата на Легија

Судот за Спортска Арбитража ја одби жалбата на Легија, Селтик ќе игра против Марибор за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Легија со вкупни 6-1 го победи Селтик, но УЕФА со службени 3-0 за шкотскиот тим го регистрираше вториот натпревар бидејќи за гостите во игра влезе фудбалер кој одлежуваше суспензија.
 
Полскиот клуб поднесе жалба на ваквата одлука на УЕФА, но денеска Судот за Спортска Арбитража се изјасни негативно за овој случај.
 
Одлуката останува непроменета, Селтик ќе игра против Марибор за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите.
 
Легија го победи Селтик со 4-1 во Полска и 2-0 во Глазгов, но УЕФА го регистрираше вториот натпревар со службени 3-0, па вкупниот резултат гласеше 4-4 а поради гол во гости шкотскиот тим помина во следното коло.
 
Полјаците мислеле дека Березунски веќе ја одлежал суспензијата од три натпревари, тој не беше во составот против Сент Патрик и во првиот натпревар против Селтик.
 
Но, фудбалерот не бил ниту регистриран за натпреварите против Сент Патрик, па суспензијата не била одлежана до натпреварот во Глазгов.