24фудбал

Симеоне: Со 95€ милиони евра Атлетико купи осум играчи, Реал само двајца

Во пресрет на Суперкупот на Шпанија, тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне уште еднаш ја потенцираше поголемата финансиска моќ со која располага Реал Мадрид

Шпанија

’Кралевите’ ова лето потрошија повеќе од 100 милиони евра за засилувања, а само за услугите на Џејмс Родригез одвоија 80 милини евра.

Атлетико Мадрид потроши слична сума, но според Диего Симеоне тие морале да бидат многу покреативни од градскиот ривал, па успеале да ангажираат дури 8 играчи.

„Купивме осум играчи за 95 милиони евра, Реал потроши волкава сума само за двајца” – рече тренерот на Атлетико на денешната прес конференција.

„Тоа е разликата. Како и секогаш, ние моравме да бидеме креативни. Формираме група, која треба да биде составена од 18 или 20 играчи, не само од 11”.

Запрашан дали ќе има промена во стилот на игра со оглед на тоа дека Диего Коста замина во Челзи, Диего Симеоне одговори: „Структурата на тимот нема да се промени”.

„Одлучноста и агресивноста остануваат исти бидејќи доаѓаат од основата”.

„Тоа ни дава стабилност да продолжиме да играме со иста филозофија”.

За противникот, Симеоне рече: „Овој Реал Мадрид е многу подобар”.

„Крос им носи поголем потенцијал во средниот ред, повеќе баланс, повеќе фудбал...”

„Бејл исто така е многу подобар. Овој тим на Реал е далеку посупериорен од оној од минатата сезона”.