24фудбал

Фото: И Игуаин сака стадион во Битола

Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев заедно со неговиот колега од нападот на Наполи, Гонзало Игуаин се придружија на акцијата за нов стадион во Битола.

Македонија
Креаторите на акцијата "Сакаме стадион во Битола" можат да се пофалат дека и Гонзало Игуаин лобира за изградба на нормален, современ фудбалски храм во Битола.
 
До сега многу македонски ѕвезди се сликаа со лист "Сакаме стадион во Битола", благодарение на Горан Пандев, Битолчани сега го имаат и Игуаин на нивна страна.
 
Битола заслужува нов стадион, навивачите со сите сили се борат да добијат достоинствено место за следење на натпреварите, но од надлежните до сега добиваат само најави, на терен ништо конкретно, крајно време е овој фудбалски град да добие нов стадион.