24фудбал

Бекенбауер го сака Ројс во Баерн

Почесниот претседател на ’Баварците’, Франц Бекенбауер посакува следното лето да го види Марко Ројс на Алианц Арена

Германија

Изминатиов период, лидерите на Баерн Минхен во неколку наврати сугерираа дека имаат намера да го ангажираат Марко Ројс.

Борусија Дортмунд не сака да слушне за продажба на уште една своја ѕвезда на лутиот ривал, но како што стојат работите во овој момент, ’Милионерите’ следното лето нема да можат да го задржат репрезентативецот на ’Панцирите’.

Во јули 2015 ќе се активира откупна клаузула во договорот на Марко Ројс, играчот ќе може да замине за 25 милиони евра, сума која нема да преставува проблем за Баерн Минхен и останатите топ клубови од Европа.

’Милионерите’ се обидуваат да ја отстранат клаузулата, на Германецот му понудија нов договор и плата од 6 милиони евра по сезона, но Марко Ројс во овој момент одбива да ја продолжи верноста.

Во разговор со Bild, Франц Бекенбауер вели дека Борусија Дортмунд нема да го задржи Марко Ројс, и додава дека офанзивниот фудбалер од средниот ред ќе биде одлично засилување за Баерн Минхен.

„Можам да го замислам Ројс во дресот на Баерн” – вели Бекенбауер. „Доколку ви се укаже шанса да ангажирате играч од негова класа, мората да се обидете”.

„Доколку Ројс не се пресели во Баерн во 2015, веројатно ќе потпише за некој друг голем клуб како Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед”.

„Борусија Дортмунд тешко дека ќе може да го задржи. Разбирам зошто на ’Милионерите’ не им се допаѓаат коментарите за иднината на Ројс”.