24фудбал

Кој ќе ја добие трката за Кедира?

Агентот на Сами Кедира е во Лондон на преговори со Арсенал и Челзи, но интерес за фудбалерот има и од Баерн Минхен.

Шпанија
Нема место за Сами Кедира во првиот тим на Реал Мадрид, па германскиот репрезентативец наскоро треба да добие нов клуб.
 
Според англиските медиуми, агенти на Кедира оваа недела ќе бидат во Лондон каде што ќе имаат преговори со претставници на Арсенал и Челзи, кои ова лето често се поврзуваа со услугите на Кедира.
 
Но интерес за фудбалерот нема само од Англија, информациите велат дека и Баерн Минхен го посакува Кедира, особено по повредата на Хави Мартинез.
 
Цената која ќе треба да биде платена за ангажман на Кедира, ќе изнесува околу 15 милиони евра.
 
Реал Мадрид ги има Алонсо, Крос и Модриќ како фудбалери кои имаат предност во составот пред Кедира, па јасно е дека тој наскоро ќе направи трансфер, останува само да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.