24фудбал

Мертесакер стави крај на репрезентативната кариера

Дефанзивецот на Арсенал, Пер Мертесакер се повлече од германската репрезентација.

Германија
29-годишниот фудбалер кој за време на светското првенство дојде и до 100. настап за селекцијата на Германија, стави крај на репрезентативната кариера.
 
Мертесакер верува дека Германија никогаш немала посветла иднина кога репрезентацијата е во прашање.
 
Фудбалерот кој десет години го носеше дресот на сениорската репрезентација на Германија, сега сака успеси со Арсенал.
 
„Нема причина да стравуваме за иднината. Младите фудбалери доаѓаат. Германија е во подобра форма од било кога претходно" - вели Мертесакер.
 
„Сега сакам да ја освојам Премиер лигата со Арсенал и да направам нешто во Лигата на Шампионите".