24фудбал

Бендтнер потпиша за Волфзбург

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Никлас Бендтнер стави потпис на три годишен договор со Волфзбург.

Германија
26-годишниот фудбалер се сели во Бундеслигата, Бендтнер е нов напаѓач на Волфзбург.
 
Данецот како слободен играч потпиша три годишен договор со германскиот тим.
 
Неговиот договор со Арсенал истече на крајот од минатата сезона, раководството на Топџиите не му понуди продолжување на соработката.
 
И покрај проблематичниот карактер и лошата форма, Волфзбург верува дека Бендтнер ќе биде вистинско засилување за нивниот тим.