24фудбал

УЕФА ги објави имињата на кандидатите за фудбалер на сезоната

Мануел Нојер, Арјен Робен и Кристијано Роналдо ќе се борат за наградата на УЕФА за најдобар фудбалер на сезоната 2013/2014.

Лига на Шампиони
На 28. август во Монако, УЕФА по четврти пат ќе ја додели наградата "Фудбалер на сезоната".
 
Овој пат во конкуренција се двајца членови на Баерн Минхен, Мануел Нојер и Арјен Робен, и најдобриот фудбалер во светот за 2013 година, Кристијано Роналдо.
 
Претходно оваа награда ја имаат освоено Лионел Меси, Андрес Иниеста и Франк Рибери.
 
Томас Милер, Лионел Меси, Филип Лам, Хамез Родригез, Луис Суарез, Анхел Ди Марија и Диего Коста се фудбалерите кои се најдоа од четвртата до десетата позиција во трката по оваа награда.