24фудбал

Ибрахимовиќ: И вистинскиот Роналдо ја нема освоено Лигата на Шампионите

Златан Ибрахимовиќ вели дека не му е потребен трофејот од Лигата на Шампионите за да биде сметан за еден од најдобрите фудбалери во светот.

Франција
Шведскиот интернационалец е мајстор за освојување на домашните првенства со екипите за кои настапувал, но никако да го крене трофејот од Лигата на Шампионите.
 
Ибра вели дека сака да ја освои Лигата на Шампионите, но и без овој трофеј може да биде сметан за еден од најголемите, посочувајќи го примерот со бразилскиот Роналдо.
 
„Не, не се вознемирувам кога луѓето велат дека го немам освоено тој трофеј. Кога некој е на врвот, луѓето секогаш наоѓаат нешто за да го критикуваат" - вели Ибрахимовиќ.
 
„Вистинскиот Роналдо исто така ја нема освоено Лигата на Шампионите. Што велат луѓето за него? Истото е и со мене. Титулата не го менува фудбалерот каков што е, ако е добар, добар е".
 
„Доколку Диего Марадона не го освоеше светското првенство, дали луѓето немаа да го гледаат како најдобар? Ќе го гледаа како најдобар и без светското првенство".
 
„Лигата на Шампионите не ми е опсесија. Во кариерата го имам освоено она што сум го сакал. Освоив 23 титули. Го давав најдоброто, давав се од себе да освојам колку што е можно повеќе трофеи".
 
„Се разбира, би било убаво да ја освојам Лигата на Шампионите и чувствувам дека можам да го направам тоа. Но и доколку карирерата ја завршам без тој трофеј, ќе бидам среќен и горд".