24фудбал

Реал Мадрид го освои Супер Купот на Европа

Два гола на Кристијано Роналдо за победа на Реал Мадрид над Севиља во Супер Куп натпреварот на Европа.

Лига на Шампиони
На стадионот во Кардиф, Реал Мадрид го слави трофејот од Супер Купот на Европа откако со 2-0 славеше над Севиља.
 
Победникот во Лигата на Шампионите рутински ја одработи задачата, имаше комплетна доминација на теренот и победникот во овој натпревар во ниту еден момент не беше доведен во прашање.
 
Карло Анчелоти шанса од првата минута им даде на двете големи засилувања на Реал Мадрид, Тони Крос и Хамес Родригез.
 
Но, на теренот блескаше старата ѕвезда на Кралевите, Кристијано Роналдо кој погоди два пати и беше најзаслужен за победата.
 
Најпрво погоди во 30. минута кога реализираше по асистенција од Герет Бејл, вториот гол го постигна по пет минути игра во второто полувреме кога погоди по додавање од Карим Бензема.
 
Убав почеток на новата сезона за Реал Мадрид кој состави ѕвезден тим кој ќе биде во центарот на вниманието во наредниот период.