24фудбал

Бенитез не смета на Пандев за дуелот со Билбао

’Наполитанците’ го соопштија списокот со играчи за двомечот со Атлетик Билбао во плеј-офот од Лигата на Шампионите, Рафа Бенитез не смета на Горан Пандев

Лига на Шампиони

Ова лето често се шпекулира дека Македонецот ќе замине од Сан Паоло, неколку клубови пројавуваат интерес за услугите на напаѓачот.

Горан Пандев не е дел од плановите на Рафа Бенитез, а нов доказ за ова е листата со играчи за двомечот со Атлетик Билбао во плеј-офот од Лигата на Шампионите.

’Наполитанците’ го соопштија списокот со 22 имиња, на него го нема Горан Пандев ниту Федерико Фернандез, кој е пред трансфер во Свонси.

Листата со играчи на Наполи за плеј-офот од ЛШ:

Голмани: Рафаел, Андухар;

Одбрана: Зунига, Хенрике, Албиол, Место, Кулибали, Гулам, Бритос, Маџо;

Среден ред: Жоржињо, Инлер, Џемаили, Гаргано, Радошевиќ, Хамшик;

Напад: Каљехон, Мертенс, Инсиње, Мичу, Дуван, Игуаин.

Агентот на Горан Пандев преку Твитер изрази незадоволство од ваквата одлука на Наполи.

„Срамно е што Пандев не е на листата на фудбалери за Лигата на Шампионите, одвратно е што добива ваков третман” – гласеше пораката на која Карло Палавичино направи ретвит.