24фудбал

Емери: Реал е фаворит, но сме ги победиле претходно

Унаи Емери вели дека Реал Мадрид е апсолутен фаворит во Суперкупот на Европа, но верува дека Севиља уште еднаш може да ги изненади ’Кралевите’

Лига на Шампиони

На последниот натпревар што го одиграа овие два тима во март во Ла Лига, Севиља пред своите фанови славеше со 2-1.

Во пресрет на денешниот дуел во Кардиф, Унаи Емери се надева на ново изненадување, но стратегот е свесен дека воопшто нема да биде лесно.

„Кога одигравме најдобро што умееме ги победивме” – рече тренерот на Севиља. „Па можеме да го сториме тоа одново”.

„Играме против победникот во Лигата на Шампионите, но и ние имавме одличен настап во Лига Европа, солидно се справивме со посилни противници кои важеа за фаворити, како на пример Бенфика”.

„Очигледно е дека Реал Мадрид е фаворит на овој дуел, но нема да се предадеме”.

„Сакаме да одиграме офанзивно, да ги нападнеме, но ќе видиме дали тие ќе ни дозволат да го направиме ова”.

„Реал има потенцијал да не принуди да се браниме 90 минути”.

„Не смееме да оставаме простор за брзите играчи како Роналдо, Бензема и Бејл, потребно е да го затвориме Родригез, и не смееме да дозволиме Модриќ и Крос да ја диктираат играта”.

„Кога ќе ја имаме топката во наши нозе, брзо треба да нападнеме и преку контри да стигнеме до прилика за гол”.