24фудбал

Наполи и Пандев против Атлетик во плеј-офот за ЛШ

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени паровите од плеј-оф натпреварите за пламсна во групната фаза од Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Најинтересни ќе бидат дуелите Бешикташ-Арсенал и Наполи-Атлетик Билбао.

Македонскиот репрезентативец, Агим Ибраими со Марибор ќе игра против Селтик, шампионот на Шкотска утрово беше вратен во најелитното европско натпреварување и покрај тоа што загуби со 6-1 во двомечот против Легија во третото квалификациско коло.

Првите средби се играат на 19. и 20. август, а реваншите се седум дена подоцна.

Рута на шампиони:

Марибор – Селтик

Салцбург – Малме

Алборг – АПОЕЛ

Стеауа – Лудогорец

Слован Братислава – БАТЕ

Лига рута:

Бешикташ – Арсенал

Стандарт – Зенит

Копенхаген – Леверкузен

Лил – Порто

Наполи – Атлетик Билбао