УЕФА ја намали суспензијата на Руни на два натпревари

Европската куќа на фудбалот утрово ја прифати жалбата на Англија и ја намали суспензијата на Вејн Руни од три на два натпревари

Напаѓачот во октомври доби црвен картон на квалификацискиот натпревар помеѓу Црна Гора и Англија, откако од зад грб го удри Миодраг Џудовиќ.

 

Во прв момент УЕФА му изрече на Вејн Руни суспензија од три натпревари, по што Фудбалската Асоцијација на Англија ја обжали ваквата одлука.

 

Утрово, ѕвездата на Манчестер Јунајтед, во придружна на четири адвокати и селекторот на Англија Фабио Капело, се појави на сослушување пред тричлена комисија во Нион.

 

Откако одбраната на Руни ја образложи својата жалба, Европската куќа на фудбалот се сложи дека првичната казна е престорга.

 

Па затоа УЕФА ја намалу суспензијата од три на два натпревари, а третиот натпрвар ќе биде условен и ќе се активира доколку фудбалерот заработи исклучување на натпревар од Европа во следните четири години.

 

Со ваквата пресуда, Руни ќе може да настапи на дуелот со Украина, но ќе ги пропушти натпреварите со Франција и Шведска во Групата Д на ЕВРО 2012.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]