24фудбал

Пике: Во моментов не сум ни помеѓу трите најдобри дефанзивци во светот

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике признава дека има пад во формата, но уверен е дека ќе успее да ја врати.

Шпанија
Пике имаше лоша сезона со Барселона во која не успеа да освои трофеј, а со репрезентацијата на Шпанија беше елиминиран уште во групната фаза од светското првенство.
 
Дефанзивецот добиваше критики на негова адреса, сега и самиот признава дека не е во најдобра форма.
 
„Во моментов не сум ниту помеѓу трите најдобри дефанзивци во светот" - вели Пике.
 
„Имав лоша сезона со Барса и националниот тим. Знам дека за да играм во Барселона треба да бидам помеѓу трите најдобри дефанзивци во светот. Но исто така знам дека можам да ја вратам формата".
 
„Уверен сум дека Луис Енрике ќе ми помогне да го вратам моето ниво".